Ангел Ангелов: Бугарија останува на своите позиции!?

Бугарија не може да ги промени своите позиции затоа што има декларација на Парламентот и одлука на Влада. изјави денеска бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов,.

Тој ова го рече одговарајќи на прашање „дали Софија ќе ги промени позициите по однос на преговарачката рамка за Македонија содржани во објаснувачкиот меморандум во кој се оспоруваат меѓу другото македонскиот јазик и нација“.

Тој за ставот на Брисел по ова прашање рече дека „тоа е проблем на Унијата, а не наш“.

Ангелов го избегна одговорот на прашањето дали е извесно бугарско вето за првата меѓувладина конференција до крајот на годинава доколку историчарите на двете земји во мешовитата Комисија не успеат да постигнат договор по отворените прашања.

„Ние сега сме фокусирани да го завршиме Берлинскиот процес и да и покажеме на цела Европа дека можеме заеднички да завршиме нешто успешно“, рече бугарскиот амбасадор во Македонија.