Андреа не се пласираше во големото финале на Евросонг (ВИДЕО)

Претставничката на Македонија, Андреа синоќе не успеа да обезбеди пласман за финалето на Евровизија 2022 што се одржува во Торино.

Во синоќешното второ полуфинале на Евровизија 2022 настапија 18 земји, а само десет се изборија за место во финалето.


Во сабота во финалната вечер во Торино ќе настапат и преставниците на Србија, Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска и Романија.