Aндовска за новата автобуска трагедија по Ласкарци: Ништо не научивме

Споделувајќи лично искуство, професорката на Факултетот за музичка уметност, Дарија Андовска, со коментар по новата тешка сообраќајна несреќа со македонски автобус по таа кај Ласкарци во февруари 2019 година.

„2013.

Тргнуваме на летување со автобус навечер.

Сите сместени внатре, автобусот не тргнува. Некој викна: ‘Ајде, мајсторе, кога ќе тргнеме?’, а возачот одговори: ‘Треба да го буткате автобусот’.

Мислев се шегува. Не се шегувал.

Излегоа луѓе да го буткаат автобусот. Сакав да се симнам, ама останав.

Некаде по Хиподром, на излез од Скопје, автобусот почна да прегрева. Ужасно топло внатре, а лето.

Конечно застана, излеговме сите, а по два часа дојде друг автобус.

Е, драги мои, од прогледување низ прсти за пријателот, комшијата, сопартиецот, роднината, пуштигоовојнаше пострадаа луѓето кај Ласкарци и овие 46 души утрово.

Систем значи дека истите правила и закони важат за сите.

Системот треба да нè заштити, а не да одзема животи.

Нема систем, има континуирана и долга смрт, некому на рати, некому на препад.

Трагедијата е огромна, страшна. Изгореа живи луѓе повторно, а помеѓу нив и деца.

А не е прва.

Ништо не научивме“, констатира Андовска на Фејсбук.