Професорката на Факултетот за музички уметности во Скопје, Дарија Андовска, со жесток коментар за „тегавењето“ околу оставките на министерот за здравство, Венко Филипче, на неговиот заменик Илир Хасани и на двајцата директори на тетовската болница за трагедијата во тамошниот ковид-центар, која однесе 14 животи.

„Ми е срам што дишам ист воздух со вакви копуци.

Една таква невидена трагедија ја претворија во пазар за дневнополитички поени, ја завија во трачерски препукувања за да се заборави.

Да нè уморат, кога веќе не можат да нè умрат веднаш.

Не заборавајте.

Ваквите безобѕирни и безобразни копуци пепел нè направија, пепел ја направија Македонија.

За нив сè доаѓа со price tag, а човечките животи, наместо бесценети, се неважни.

Сите ние, обични смртници, сме неважни.

Сите генерации уништени.

Копуци. Гнаси. Гниди.

Не заборавајте.

Не простувајте. Не ним“, крикна на Фејсбук уметничката директорка на фестивалот „Денови на македонската музика“.