Дарија Андовска, професорка на Факултетот за музичка уметност во Скопје, со вдахновено навраќање на тригодишнината од „најцрниот ден во поновата македонска историја“, како што ја нарече „насилната промена на уставното име на Македонија“.

„Три години помен откако пЛатениците, со 81 глас ‘за’ и ниеден против, и покрај пропаднатиот неферендум, во партаЛментот насилно го променија уставното име на Македонија.

Ова е најцрниот ден во поновата македонска историја.

Три години откако разно-разни шушумиги и давајгазови, инсталирани во сточниот пазар, еден век и кусур подоцна ги потврдија зборовите на великанот Делчев: ‘Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот.’

Со нивните мали мозоци и за ситни интереси, се измочаа врз гробовите на знајни и незнајни јунаци, кои се и сè жртвувале за ова парче земја.

Три години, во кои како лавина нагрнаа надреални ‘добрососедски’ проблеми. Три години во кои дишиме на цевче и се држиме за сламка, додека нè распродаваат на ангро, со п(р)опуст и понижување.

И станува сè пострашно и потешко, а нè лажат апла дека саде рози цутат.

Си знаеме, гледаме, на своја кожа чувствуваме kako stvari stoje.

Борбата продолжува 👊

Македонците се борат за своите правдини.

#Македонија“, порача Андовска преку Фејсбук.