Професорката од Факултетот за музичка уметност, Дарија Андовска, со крик по локалните избори, во кои опозицијата во многу општини доби шанса да ѝ ја исполни желбата да живее во „нормална земја, во здодевна држава“.
„Сакам да живеам во нормална земја.
Сакам да живеам во нормална држава, каде испит ќе си положи тој што се спремил;
каде сите ќе си чекаат во ред;
каде нема да се кршат дрвја и клупи;
каде ѓубрето ќе си биде во канти за отпад или во џеб до следната канта;
каде политичари не се мали богови, туку слуги на народот;
каде услугата е љубезна, навремена и соодветна;
каде застануваат автомобили на пешачки и без семафор;
каде се почитуваат правила и прописи;
каде законот важи подеднакво за сите;
каде секој го работи она за кое е најдобар;
каде во болница знаеш дека ќе те оздрават;
каде луѓе се наградувани според заслуги;
каде се чуваат природата и природните богатства;
каде луѓе се вработувани според способности, а не според конекции;
каде се грижат за историското наследство;
каде кучиња имаат задолжителен тренинг и можат да влезат и во продавница и во ресторан;
каде има функционални возови и автобуси;
каде студентите се движечка сила;
каде уметноста е на пиедестал;
каде традицијата се почитува;
каде спортистите се ценат;
каде националните интереси се пред сè;
каде секому се дава можност;
каде сите имаат основни услови за живеење и леб на астал.
Сакам да живеам во нормална земја, во досадна држава.
И не мислам дека е тоа преголемо и невозможно барање“, смета Андовска во објавата на Фејсбук.