Жестока реакција од Дарија Андовска, композитор и декан на Факултетот за музичка уметност од Скопје, за индолентноста на институциите што го чинеше живот болниот од цистична фиброза Благојче Илиевски.
„Никој не треба и НЕ СМЕЕ да умре за да ви текне дека лекот за болните е приоритет. Одроди, изроди…
Нека му е светол патот и споменот на прерано починатиот Благојче (да, вие од Владата сте виновни за неговата смрт, директно).
Неговата смрт стана спас за болните од цистична фиброза.
Повторно демаскирање на селективните ‘борци за човекови права’, кои си молчат оти удобно се ухлебени – за тоа им била ‘борбата’, се потврдува по не знам кој пат.
Одроди, изроди…“, коментира Андовска на Фејсбук.