Дарија Андовска, деканка на Факултетот за музичка уметност во Скопје, со резиме за последиците од Преспанскиот договор и од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, како и за тоа што сè се подготвени да потпишат „изродите на власт“.

„Да резимираме (кога апологетите пробуваат и се трудат да изгледа резимирано):

– со Преспанскиот договор, Грците можат да се нарекуваат Грци, Македонци и Хелени.

Македонците од Македонија се нарекуваат граѓани.

Грците имаат право на целата историја, па и на таа што не била на нивна територија.

Македонците немаат право на историјата од нивната територија.

Грците може да се мешавина од староседелци и дојденци.

Македонците… well, се разбира не.

Не постојат Македонци, па не постои и македонско малцинство. Грчкото вино се вика македонско.

Македонското вино е граѓанско.

– Со добрососедскиот договор, Бугарите можат да се нарекуваат Македонци.

Македонците од Македонија се нарекуваат граѓани.

Ако си Македонец, тоа може само да значи дека си Грк или Бугарин, ама никако асли Македонец.

Бугарите се мешавина од староседелци и дојденци (Татари), ама Македонците така се разбудиле во 1945.

Бугарите полагаат право на историја од територија која само неколку месеци во 19 век била нивна, Македонците немаат право на историјата од нивната територија.

Не постојат Македонци, па не постои и македонско малцинство. Не постои македонски јазик.

При сево ова, ЕУ дава поддршка, а апологетите пробуваат да нè убедат дека ова се добри договори?!

И изродите на власт се спремни да потпишат и потпишуваат.

Етноцид. На очиглед на сите и со сесрдна ‘помош’ и однадвор, и однатре, за ‘наше добро’.

Во 21 век“, резимира Андовска во својата објава на Фејсбук.