Професорката од Факултетот за музичка уметност во Скопје, Дарија Андовска, реагира за двојниот аршин на шефот на државата Стево Пендаровски при обидот за дискредитација на претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, Љупчо Коцарев.

„Стево си дозволува да го омаловажува (и тоа јавно!) претседателот на МАНУ, академик Коцарев, со зборовите (парафраза): ‘Тој е само физичар, што знае тој за политика’.

Бугар Османов, министерот за надворешни работи, беше што по професија? Аааа, хирург.

Е он знае политика. Особено за македонските работи.

Alrighty then“, коментира Андовска на Фејсбук, користејќи го преименувањето по бугарски терк на шефот на дипломатијата Бујар Османи од критичарите на неговото водење надворешна политика „до последниот Македонец“.