Андов открива кои двајца луѓе освен Заев прават штета во спорот со Бугарија

Првиот претседател на Собранието Стојан Андов директно прозива тројца луѓе за создавање штета во спорот со Софија односно врз македонската позиција во односите со Бугарија и консеквентно на патот кон ЕУ.

Според Андов тројцата кабаетлии се екс премиерите Заев и Бучковски од кој вториот е преговарач со Софија како и професорот Денко Малески.

,,Република Македонија е членка на НАТО и се стреми за полноправно членство во ЕУ, наоѓајќи се пред нејзините врати, и затоа не треба да се допушти да бидеме измамени од политиката на спомнатите бугарските државни раководители, како во бугарските, така и во европските институции, каде што основа и натаму во нивната политика е Санстефанска Бугарија”, пишува Андов во најновата колумна за неделникот Фокус кој излегува утре.

Тројцата наведени во последниве 3 години дадоа десетици изјави со кои сериозно ја нарушила македонската позиција во односите со Бугарија и предизвикаа сериозни реакции кај јавноста која не ги прифаќа нивните субјективни и честопати паушални оценки и анализи.