Премиерот Димитар Ковачевски денеска на новинарско прашање дали ќе има одговорност за директорот на АНБ за скандалот со случајот „Онишченко“, истакна дека за 20 дена од денеска Агенцијата ќе има нов директор.
„Во однос на раководењето со АНБ, за 20 дена од денес ќе има нов директор на АНБ“, одговори Ковачевски на прашање на ТВ21.
Премиерот се огради и рече дека не може да изнесува во јавност детали од реферирањето на досегашниот прв човек на АНБ на затворената седница на Владата.
„Владата донесе заклучок за отпочнување активности за одземање на доделеното државјанство. Дополнителни информации од затворена седница на Влада не може да се споделуваат, бидејќи тоа е строго и тешко казниво дело со казна затвор од една до пет години“ – реќе премиерот.
Тој не прецизираше дали директорот на АНБ Виктор Димовски ќе понесе одговорност за случајот со македонското државјанство за олигиархот Олександр Онишченко.
Актуелниот директор на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски има добиено агреман и тој заминува за амбасадор на Македонија во Париз.
