Анализа: Замрзнати цени – одмрзнати плати на функционери

Њузлетер 07.04.2023 – Неделава замрзнати цените на зеленчук и овошје, но функционерите никако да си ги замрзнат платите. Добива ли Артан Груби преголема моќ? – анализира Радио Слободна Европа.

По „замрзнати“ цени се продава државно земјиште, се по закон, правилник, тарифник и некои други, помалку познати услови.
Фирмата, во која сопственички удел има сопругата на премиерот Димитар Ковачевски, ќе добие државно земјиште по цена од 70 денари за метар квадратен за изградба на планирана фотоволтаична централа. Владината одлука за продажба на 1.119 метри квадратни земјиште во радовишкото село Раклиш ја потпишал првиот вицепремиер Артан Груби на владината седница на 14 март годинава.

Но, од Министерство за транспорт и врски, на прашањата на Радио Слободна Европа, велат дека на фирмата „Сол Груп 5“ доо не и е издадена дозвола за градба на фотоволтаична електрана во Радовиш, затоа што инвеститорот на 14 септември лани, си го повлекол барањето.
Фирмата Сол груп 5 не кажува што ќе гради на парцелата.

Линк до целата анализа на РСЕ.МК.