Дали лицата кои ги издаваат пасошите, а тоа не е постапка во надлежност на само еден службеник, имаат директни наребодавачи во врвот на извршната власт дека тоа се прави за државен интерес, а сите пасоши на крај, финално, на мафијашите им се издадени, врачени од едно проверено лице вработено во МВР?
Дали изборот на имиња за лажен идентитет во пасошите на нарко дилерите се прави во МВР, од база на лица кои навистина постојат, но или се долго во странство и одмана не побарале македонски лични исправи, или се имиња на Македонци од Албанија, пред се од Пустец. Неколку албански нарко дилери имаат лажни пасоши издадени од МВР со имиња и презимиња типични за Македонците од Пустец?
Дали во МВР и ЈО постојат податоци, документирани со слика и видео, за група нарко дилери од Македонија која со службено возило Пасат на едно од министерствата на владата патува за Албанија, а преку Албанија и Европа во Колумбија за договарање испорака на кокаин. Дали тие луѓе со години се во врска со висок функционер на ДУИ, денес во врвот на извршната власт?
Во очекување на потврда или демант на овие прашања до МВР и ЈО, да кажеме дека овие податоци ги има американската агенција ДЕА, и очекува разврска на криминалот со државно покритие.
Издавањето на пасоши со лажен идентите од страна на официјален македонски државен орган е меѓународно кривично дело. Ние имаме слободен влез без визи во Шенген зоната во Европа затоа што државата гарантира автентичност и контрола врз издадените патни исправи, пасошите.
Не е изненадување ако, после овие скандали и ваквата работа на МВР и државниот врв, Македонија да биде казнета со враќање на визен режим за патување во Европската унија.
Сите погоре наведени прашања и теми се дел од општина анализа за аферата “Пасоши за мафија” на вечер.мк
Целата анализа која изобилува со податоци ОВДЕ