Санкциите против компании што работат на гасоводот „Северен тек 2“ на Русија стапија во сила, соопшти Министерството за финансии на САД.
Ројтерс јавува дека швајцарско-холандската компанија „AllSeas“ објавила дека ги прекинала сите активности за инсталирање на гасоводот.
Санкциите, кои се вклучени во воениот буџет за фискална 2020 година и ги потпиша американскиот претседател Доналд Трамп, предидувааат сите страни кои намерно продавале, изнајмиле или обезбедуваат бродови кои учествуваат во инсталацијата на цевки … за изградба на гасоводите „Северен тек 2“ и “Турски тек“, да ги повлечат пловилата.Одлуката на „AllSeas“ го доведива под знак прашање завршувањето на проектот вреден 11 милијарди долари што треба да го удвои капацитетот на гасоводот за Германија и за кој Москва најави дека ќе биде готов за неколку месеци.
Проектот „Северен тек 2“ предвидува изградба на два гасоводи со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно, што ќе тече од руското крајбрежје преку Балтичкото Море до Германија.
Германската канцеларка Ангела Меркел остро реагираше на воведувањето санкции за „Северен поток 2“.
Изјавата на Меркел може да се оцени како „објавување војна“ на американскиот претседател Доналд Трамп, напиша германскиот весник „Билд“.