САД стартувале посебен план за ставање во функција на ракетниот систем „Патриот“ во Украина за „помалку од шест месеци“.
Во интервју за Асошиетед прес, украинскиот МНР, Дмитро Кулеба рече дека е „апсолутно задоволен“ од резултатите од минатонеделната посета на претседателот Володимир Зеленски на САД.
Нормалната обука за користење на системот трае до една година, но се чини дека Украина ќе биде подготвена да го користи „патриот“ многу порано.
Тој додаде дека обуката ќе се одвива надвор од Украина. За време на интервјуто Кулеба истакна дека Украина ќе направи се што може за да победи во војната во 2023 година, пишува Sky News.
