Американскиот Врховен суд ги отфрли тужбите против Трамп

Поднесените тужби го обвинуваа за кршење на одредбите на Уставот за спречување корупција околу сопственоста врз неговата деловна империја, вклучително и хотел во близина на Белата куќа, за време на неговиот мандат, пренесува Ројтерс.

Во тужбите се тврдеше дека Трамп ги прекршил одредбите на Уставот за спречување на корупција, со кој се забранува прифаќање подароци и пари од странски влади и федерални влади без одобрување од Конгресот.