Џо Бајден денеска направи историски потег. Американскиот претседател, Бајден официјално го нарече геноцид – масакрот извршен за време на Османлиското царство врз Ерменците во 1915 година, и оваа историска декларација може да ја налути Турција и потенцијално дополнително да ги наруши нестабилните односи меѓу двата НАТО сојузници.

Потегот од една страна е симболичен, но сепак значи прекин на децениската практика на внимателното користење термини што доаѓаат од Белата куќа за да не се навредат Турција и нејзиниот лидер Ердоган.

Претходниците на Бајден го признаа масовното убиство на Ерменците, но не го користеа терминот геноцид поради турските приговори.

Ерменската дијаспора во Соединетите Држави ќе го прослави овој потег на американскиот претседател во време кога Анкара и Вашингтон не се согласуваат за низа политички прашања.

„Американскиот народ ги почитува сите оние Ерменци кои загинаа во геноцидот пред 106 години“, се вели во изјавата на Бајден.

Денес ширум светот се одбележува Денот на сеќавање на жртвите од геноцидот врз Ерменците.