Американски разузнувачи веруваат дека бомбашкиот напад во кој загина Дарја Дугина, ќерката на истакнатата руска политичка личност Александар Дугин, е одобрена од елементи во украинската влада, изјавија за Си-Ен-Ен извори информирани за разузнавањето.
Според изворите, САД претходно не биле запознаени со планот, а сè уште не е јасно кој точно според САД го потпишал атентатот.
Исто така, не е јасно дали американската разузнавачка заедница верува дека украинскиот претседател Володимир Зеленски бил свесен за заговорот или го овластил.
Разузнавачкиот наод, за кој прв јави Њујорк тајмс, изгледа дека ги потврдува елементите од извештаите на руските власти дека бомбашкиот напад бил планиран во Киев. Русија ги обвини украинските власти дека се одговорни за убиството, што Украина решително го негираше по експлозијата.
Функционерите на украинската влада не одговориле веднаш на барањето на Си-ен-ен за коментар. ЦИА, Стејт департментот и Националниот совет за безбедност одбиле да коментираат.
Според изворите на Си-ен-ен, американските разузнавачи веруваат дека Дугина го возела автомобилот на нејзиниот татко ноќта кога беше убиена и дека Дугин бил вистинската цел на операцијата.
Александар Дугин е руски националист и филозоф кој е жесток заговорник на војната во Украина.
