Американскиот државен медиум “Радио Слободна Европа” го смени насловот на текстот кој беше злоупотребен од СДСМ за да тврди дека во ВМРО-ДПМНЕ има раскол околу уставните измени и вметнување на Бугарите во уставот.
Предходно “Радио Слободна Европа” на македонски јазик објави наслов на текст во кој го цитира координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски кои кажува дека ВМРО-ДПМНЕ нема проблем со влезот на Бугарите во уставот без да биде пренесена целата мисла дека партијата не прифаќа уцени од Бугарија и дека затоа нема да има промена на уставот.
По промената на насловот на текстот на Радиото Слободна Европа СДСМ не го смени своето соопштение најмалку два часа, период во кој повеќе провладини медиуми ја пренесоа манипулацијата.
Во реакцијата од Никола Мицевски за манипулациите на СДСМ врз основа на Гласот на Америка се вели дека уставни измени нема да има и пратеничкага група на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за промена на Уставот.
,,Најостро и најкатегорично ја отфрлам грубата манипулција и извртување на вистината која што одредени портали пред малку ја пласираа во јавноста.
Имено, станува збор за мое интервју дадено за “Радио Слободна Европа”, во кое што јасно и недвосмислено говорам за негаторските и асимилаторските политики и негативни последици од штетниот договор со Бугарија. Во ова интервју многу јасно се гледа кои се моите одговори на новинарските прашања, и многу јасно се гледа и слуша дека тие целосно се извадени од контекст и пренесени во јавноста, со делумно изменета и скратена содржина.
Искрено, не би сакал да се мешам во новинарската професија, но можам да заклучам дека ваквиот проблематичен наслов е изваден од контекст и креиран од пола реченица кој асоцира на нешто друго, без притоа да се пренесе и вториот дел од реченицата, каде што велам дека ние “сме против условувњата кои доаѓаат од Договорот со Бугарија…”
Нагласувам, вакво тенденциозно и непрофесионално новинарско однесување и пренесување на моите ставови, нема да ги дозволам и прифатам.
Дека се работи за оркестриран напад врз мене како пратеник и Координатор на П.Г на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, но како и врз ВМРО-ДПМНЕ, потврдува тоа што изминативе денови целата македонска јавност е сведок на паничните и очајните обиди за креирање раздор и дефокусирање на вниманието од реалните проблеми и криминали на власта.
Дополнително, порталот “Радио Слободна Европа” очигледно ја увиде грешката и го промени насловот на интеврјуто, но штетата од ваквото непрофесионално однесување веќе е направена”, вели во реакцијата Мицевски.
Предходно СДСМ врз основа на насловот на сега променетиот текст побрза да објави дека има раскол во ВМРО-ДПМНЕ.
Насловот на соопштението за јавност на СДСМ е: Продолжува расколот во ВМРО-ДПМНЕ.
,,После Данела Арсовска и Никола Мицевски му го сврте грбот на Христијан Мицкоски.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со спротивен став од Мицкоски и радикален пресврт на ставовите.
Изјавата на Никола Мицевски дека ВМРО-ДПМНЕ не се против промена на Уставот и внесување на Бугарите, како и другите делови на народи, значи радикално спротивставување на деструктивните политики на Мицкоски.
Дали има некој на кормилото на бродот кој тоне?”, стои во соопштението кое се уште не е повлечено а кое според објавената слика на сајтот на СДСМ излгеда дека е пишувано од новинарот на Слободна Европа Владимир Калински.