Американски конгресмени пристигнаа во Тајван

Делегација на американски конгресмени пристигна во Тајван помалку од две недели откако претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси го посети островот, пренесоа американските медиуми.

Во соопштението на Американскиот институт се истакнува дека делегацијата ќе се сретне со тајвански претставници и ќе „разговараат за односите меѓу САД и Тајван, регионалната безбедност, трговијата и инвестициите, глобалните синџири на снабдување, климатските промени и други важни прашања од заеднички интерес“. Посетата ќе трае од 14 до 15 август.

Патувањето на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси на почетокот на август предизвика силна негативна реакција од Пекинг, кој островот го смета за своја територија. Оттогаш кинеската војска распореди дополнителни сили во Тајван, а заминувањето на Пелоси се совпадна со почетокот на големите воени вежби.