Добивката од проектот кој владата не го одбива е до 400 милиони долари, вели еден од американските инвеститори на Технолошкиот пњрк Скопје кој е заглавен во владините лавиринти од непознати причини.

Поради блокадата отворено писмо до владата истратиле инвеститори кои бараат побрзо одобрување на одлуката за изградба на Технолошки парк во Скопје кој содржи и проекти за сајбер безбедност.

Велат- секој ден е важен за инвестицијата што треба да донесе развој за целиот регион. „Економскиот ефект ќе биде голем. Не помалку важен е и едукативниот и забавниот“, изјави за МТВ првиот човек на компанијата што планира да вложува.

Поддршка за проектот има и од гувернер на сојузна американска држава како и од холивудската ѕвезда Мет Дилон.

Повеќе детали во репортажата на МТВ.

https://play.mrt.com.mk/play/55754