Американски институт: Путин планира да ги присоедини источна и јужна Украина!

Институтот за воени студии (ISW) со седиште во Вашингтон ги потврдува информациите од украинскиот Генералштаб дека руската војска можеби одлучила целосно да се повлече од своите позиции околу градот Харков. Одлуката најверојатно е донесена како резултат на украинските контранапади и ограничена достапност на нови засилувања.

„ISW предвидува дека рускиот претседател Владимир Путин најверојатно планира директно да ги приклучи окупираната јужна и источна Украина о Руската Федерација во наредните месеци.


Потоа веројатно ќе излезе со став дека руската доктрина која дозволува употреба на нуклеарно оружје за заштита на руската територија важи и за овие новопристапени територии.

Ваквите дејствија би требало да ги саплачат Украина и нејзините партнери со можност од нуклеарен напад доколку продолжат украинските контра мерки за ослободување на териториите окупирани од Русија.

Путин можеби верува дека заканата или употребата на нуклеарно оружје е опција по катастрофата што ја доживува во Украина и уништените конвенционални капацитети на Русија.