Претседавачпот на Здружениот штаб на американската армија, генерал Марк Мил предупредува на зголемен ризик од меѓународен конфликт со учество на големи држави, јавува Фокс.њуз.

„…постои можност за сериозен меѓународен конфликт во кој би учествувале големи држави. Таа можност не се намалува, туку се зголемува“, вели тој.

„Во моментов имаме работа со две големи земји, Русија и Кина, и секоја од нив има силен воен потенцијал и двете земји се обидуваат да ги променат сегашните правила врз основа на сегашниот светски поредок“, додаде тој.

Претходно, Мили се залагаше да се изградат постојани бази во Европа, во земјите од источното крило на НАТО или барем да се опремат со ротирачки персонал, токму поради се поголемата веројатност за посериозен конфликт меѓу големите држави.

Мили додаде дека многу европски сојузници на САД, вклучувајќи ги Полска и Романија, „жестоко сакаат“ да изградат и финансираат постојани бази.