Генерал на воздухопловните сили со четири ѕвезди испратил меморандум до неговите команданти во петокот во кој предвидува дека САД ќе војуваат со Кина за две години и им кажува да се подготват.

Во меморандумот испратен во петокот и добиен од NBC News, генералот Мајк Минихан, шеф на командата за воздушна мобилност, вели:

„Се надевам дека грешам.Чувствувам дека ќе се борам во 2025 година“.

Минихан во меморандумот предвидува дека бидејќи и Тајван и САД ќе имаат претседателски избори во 2024 година, САД ќе бидат зафатени и кинескиот претседател Си Џинпинг ќе има можност да изврши инвазија на Тајван.

Потпишаниот меморандум беше испратен до сите команданти на воздухопловните сили во Командата за воздушна мобилност и до другите оперативни команданти на воздухопловните сили. Во текстот тој им наредува до 28 февруари да му пријават што сработиле.

Командата за воздушна мобилност има речиси 50.000 персонал и речиси 500 авиони и е одговорна за транспорт и полнење гориво.

По објавувањето на овој напис, претставник на Министерството за одбрана рече дека дадените коментари не ја претставуваат позицијата на министерството за Кина.

„Ова е автентичен интерен меморандум од генералот Минихан до неговите подредени командни тимови. Неговата наредба се надоврзува на напорите на Командата за воздушна мобилност минатата година да ги подготви силите за воздушна мобилност за идниот конфликт доколку одвраќањето не успее“, се додава.

„Националната одбранбена стратегија јасно покажува дека Кина е главниот предизвик за Министерството за одбрана и нашиот фокус останува да работиме заедно со сојузниците и партнерите за зачувување на мирен, слободен и отворен Индо-пацифик“, рече генералот Патрик Рајдер, коментирајќи го протекување на овој меморандум.