Американски бомбардери в понеделник во низок лет над зградата на Владата во Скопје

Два бомбардера Б-52 на Соединетите Американски Држави в понеделник ќе полетаат од Велика Британија и во низок лет ќе ја надлетаат зградата на Владата во Скопје за да ја покажат „американската посветеност“, најави амбасадата на САД во Загреб.

Покрај владината зграда во главниот град на Македонија, двата воени авиона ќе прелетаат и над плоштадот „Скендербег“ во Тирана, брегот на Црна Гора, како и тврдината „Ловријенац“ во Дубровник.