Авион со повеќе од 140 патници при слетувањето излета од писта и слета во река на Флорида, јавуваат агенции.
Авионот Боинг 737-800 полета од поморската база во заливот Гвантанамо на Куба со 136 патници и седум членови на екипажот и по слетувањето слета во река на крајот на пистата во воздухопловната база во Џексонвил, на Флорида.
Причина за необично опасното слетување биле лошото време, а во инцидентот има 21 повреден.
Полицијата во Џексонвил објави на Твитер дека се префрлено во болница и дека сите се во добра состојба.
„Авионот не потона. Сите во него се живи“ бјави полицијата Џексонвил на Твитер.
Градоначалникот на Џексонвил, напиша на Твитер дека бил повикан од американскиот претседател Доналд Трамп кој му понудил помош.
Си-Ен-Ен пренесува изјава на една патничка кој рече дека полетувањето било одложувано цели 4 часа и дека слетувањето било прилично тешко проследено со громови и молњи.
„Авионот буквално удри во земја и се одби, беше јасно дека пилотот нема контрола на авионот.
Патниците завршиле во вода но не знаеле дали се во река или океан.