Авион на американската морнарица со четири лица исчезна во северна Норвешка за време на вежбите на НАТО „Студена реакција“ на Арктикот, потврди норвешката војска.
Лоцирано е можното место на несреќата, а спасувачките екипи се обидуваат да стигнат преку копно поради лошите временски услови.
Авионот „В-22 Оспри“ беше во мисија за обука и требаше да слета во воздухопловната база Форсварет во Бодо во петокот во 18 часот по локално време, се вели во соопштението на норвешката војска. Неговата последна позната локација беше во Салтфјелет, планински венец во провинцијата Нордланд.
Напорите за пребарување и спасување беа започнати до 18:30 часот по локално време, а лоциран е од воздух во 21:17 ч. во Гратдален во Бејарн, додаде војската во Осло.
Околу 1.500 американски војници учествуваа во вежбата што заврши денеска, заедно со силите од осум други НАТО-членки и „нации-партнери“ со вкупно 15.000 луѓе во армиска униформа.