Американската полиција „на готовс“ во случај на немири ако Трамп биде уапсен

Полицијата во големите американски градови се подготвува за потенцијални немири во случај поранешниот претседател Доналд Трамп да биде уапсен оваа недела

Обвинителот на Менхетен може да го обвини Трамп дека во 20160-та во пресрет на тогапните претседателски избори ѝ платил на порно ѕвезда да ja змолчи за аферата што наводно ја имале една деценија пред тоа.

Тоа ќе биде прва кривична постапка против поранешен претседател на САД.

Поранешниот претседател Доналд Трамп е подготвен „гласно и гордо“ да им се предаде на властите во Њујорк, изјави неговиот адвокат Џо Такопина.

Челични барикади беа подигнати во понеделникот пред Кривичниот суд на Менхетен, каде што Трамп може да биде обвинет, земен отпечаток од прст и фотографиран ако обвиненијата бидат покренати оваа недела, како што нашироко очекуваат американските медиуми.

Зголемено полициско присуство е забележано и пред кулата Трамп во градот.

На секој член на њујоршката полиција (NYPD), вклучително и детективи во цивилна облека, му е наредено да ја носи својата опрема денеска и е ставена на подготвеност за да се мобилизира, дознава Би-Би-Си.

Агенти на ФБИ биле во контакт со американската тајна служба, чија задача е да ги штити претседателите и поранешните претседатели, за тоа како може да се случи потенцијално апсење.