Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска го честиташе празникот 8 септември ден на независноста на Македонија без да го спомене зборот Северна но и без да ја спомне Македонија.
Агелер во текстот објава која е на македонски и албански јазик става знаменце на земјата но ако некој странец чита нема да знае за кого се работи и кој слави национален празник.
И на фотографијата во објавата нема Северна ниту Македонија
,Среќен ден на Независноста! Горди што сме ваши партнери и сојузници и со нетрпение ја очекуваме нашата континуирана соработка во годините што доаѓаат. Среќен ден на Независноста! Urime Dita e Pavaresise! 🇲🇰🤝🇺🇸
Дали Агелер со неспоменување на Северна се обидува да ги одоброволи тие што се против новата додавка не е сосема јасно но дефинитивно ги иритира тие што во честитката не може да прочитаат на која држава амбасадорката и честита празник.
Голем дел од коментарите на твитот на амбасадорката на Х поранешен Твитер, не се за објавување
Честит ден на независноста! Proud to be your partners and allies and looking forward to our continued cooperation for years to come. Happy Independence Day! Urime Dita e Pavarësise! 🇲🇰🤝🇺🇸 pic.twitter.com/VgjUHBTvR2
— Ambassador Angela Aggeler (@USAmbNMacedonia) September 8, 2023
За разлика од Агелер нејзиниот шеф американскиот државен секретар Блинкен користеше Северна Македонија во честитката
Блинкен со честитка за денот на независноста: САД и натаму ќе стојат зад Македонија