Американската амбасада не коментира истраги кои се во тек

Амбасадата на САД одговори на прашање за нејзината позиција во случајот „Двојник“, за незаконското издавање пасоши со украден идентитет.

„Не коментираме истраги што се во тек, Амбасадата на САД има тесна соработка со МВР, како и со другите владини министерства и институции во Северна Македонија, за да се постигнат заедничките цели за спроведување на законот и владеење на правото, вклучувајќи регионална соработка за спроведување на законот и борбата против тероризмот“, велат од Амбасадата на САД за „360 степени“.

Порталот потсетува дека министерот Оливер Спасовски потенцираше дека „Двојник“ е меѓународна акција, на која МВР работела со поддршка од Регионалната канцеларија за безбедност и истраги при Амбасадата на САД во Скопје, како и Генералниот секретаријат на Интерпол-Лион и Интерпол-Скопје.