Америка веќе нема пари за помош на Украина

 

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби денеска изјави дека на САД останале без пари за помош на Украина.

Тој додаде дека „нема волшебен шешир во кој може да погледнеме“ доколку Конгресот не усвои нов пакет помош, објави Киев Индипендент.

Американскиот Стејт департмент објави 250 милиони долари помош за Украина на 27 декември, исцрпувајќи ги преостанатите наменски средства.

Предлог-законот, кој вклучува 61,4 милијарди долари помош за Украина, беше блокиран од републиканците во Сенатот претходно во декември, бидејќи не содржи строги мерки за границите на САД и политиката за имиграција.

Кирби рече дека поради доцнењето помеѓу потпишувањето на пакетите за финансирање и нивната вистинска испорака, Украина ќе продолжи да ги добива артиклите доделени на 27 декември „во наредните денови и недели“.

После тоа, Кирби не е сигурен дека нешто може да се направи без акција на Конгресот.

Независната американска сенаторка Кирстен Синема на 3 јануари рече дека Сенатот е „блиску“ до договор за мерките за безбедност на границата, што ќе го отвори патот за одобрување помош за Украина.

Сепак, некои републикански пратеници рекоа дека се сомневаат дека законот ќе помине во Домот и во Сенатот.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во неколку наврати ја призна важноста на поддршката на САД за воените напори на Украина и во интервју за Си-Ен-Ен на 3 јануари рече дека „немаме план Б (ако американската помош заврши), ние сме уверени во планот А“.

„Украина секогаш ќе се бори со ресурсите што и се дадени“, додаде тој.

Кирби нагласи дека и покрај информациите во некои западни медиуми, нема докази дека рускиот лидер Владимир Путин е подготвен да преговара.

Напротив, масовните напади врз украинските градови во последните денови илустрираат дека тој прави „се што може за да се обиде да ги стави Украинците на колена…