Со македонски знамиња и натписи „Херојот се врати дома“, десетина македонски морнари го пречекаа амбасадорот на Македонија во Бразил, Ивица Боцевски, кој вчера преку граничниот премин Деве Баир со семејството се врати во земјата.
„Капeтанот секогаш го напушта бродот последен, така и нашиот голем херој, амбасадорот Ивица Боцевски конечно последен се врати дома после успешно завршената мисија за врќање во земјава на сите македонски морнари кои со месеци беа заглавени на бродовите ширум светот поради кризата настаната од ковид-19“, пишува на Фејсбук, Димитар Стојановски.
Амбасадорот Боцевски по избивањето на пандемијата со коронавирус со макотрпно дипломатско залагање помогна за враќање на неколку стотици морнари, како и многу други македонски граѓани кои беа заглавени ширум светот.