Единствениот кандидат кој се пријави на конкурсот на СДСМ за избор на кандидат за претседател на државата од оваа партија, денеска на фејсбук објави дека се повлекува од претседателската трка.

„Направив сè што беше можно да добијам шанса да се кандидирам за позиција од која ќе можев посилно да ѝ служам на нашата Македонија во интерес на македонскиот, на албанскиот, на турскиот, на влашкиот, ромскиот, бошњачкиот, на српскиот и на другите народи кои живеат во земјата. Сепак, партиите во коалицијата, коишто настапуваат со заеднички кандидат, одлучија на друг да му ја дадат довербата да ги претставува во натпреварот за Претседател на Република Северна Македонија“ напиша амбасадорот Ѓорѓи Филипов по денешниот избор на Стево Пендаровски на Конгресот на СДСМ.

https://www.facebook.com/GjorgjiFilipovZaPretsedatel/posts/393266044798065