Амбасадорката индиректно го обвини за корупција министерот ја дочека насмеан со букет цвеќе

Дваесетина дена откако американската амбасадорка Ангела Агелер најави жестока битка против македонската корупција за која огромна одговорност има и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски тој ја пречека во МВР.

Насмеаниот Спасовски кој или не разбира дека пораката од Агелер за корупцијата се однесува и на него или се прави дека не разбира, амбасадорката ја дочека со голем букет со виолетови и жолти цвеќиња.

,,Посакувам топло добредојде за Н.Е. Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, на првата посета на МВР”, објави Спасовски.

Познавачи на флористиката односно наука за цвеќето тврдат дека со изборот на боите за букетот цвеќе кој и го подарил Спасовски на Агелер, тој испраќа тајна порака која може да е поврзана и со битката со корупцијата.

Името на Спасовски е дел од предмет за кој веќе е завршена предистрагата во ЈО за организиран криминал.