Амбасадорката Брнз: Вашиот најголем предизвик е корупцијата

Американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) со 8,3 милиони долари ќе помогне за зајакнување на економската конкурентност, да се намали корупцијата и да се зголеми младинското учество во општествените текови во Македонија.

За таа цел, денеска во Скопје министерот за финансии Фатмир Бесими и претставникот на Канцеларијата на УСАИД, Ерик Јановски, потпишаа Договор за грант за партнерство за развој меѓу двете земји. со кој се обврзуваат заеднички да соработуваат за остварување на овие три клучни цели, а водечката улога ќе ја има Владата, пренесе Вечер.

„Вашиот најголем предизвик е корупцијата, една од најголемите ваши потреби е економскиот раст и стабилност, а ваша најголема надеж се младите. Корупцијата не само што го поткопува владеењето, туку ја саботира и економската конкурентност и можностите на младите во иднина“, порача американската амбасадорка Кејт Брнз како што пренесува Вечер.