Собраниостака Комисијата за надворешна политиа за денеска закажа седница на која идни амбасадори на Македонија ќе ги претстават своите тези и откако ги поминаа сите филтри.
Идниот амбасадор во Вашингтон, Зоран Попов предвидено тезите пред Комисијата за надворешна политика да ги брани зад затворени врати бидејќи материјалите по таа точка се со назнака строго доверливо и ќе бидат присутни само пратеници со безбедносни сертификати.Тој заминува во амбасадорската мисија од функцијата државен секретар во Министерството за надворешни работи (МНР) и со неговото заминување во САД, ќе се пополни едно од најважните амбасадорски места за нашата дипломатија кое беше празно веќе четири и пол години. Последен македонски амбасадор во Вашингтон беше Васко Наумовски во периодот од 2014 до 2018 година.
Покрај Попов, своите тези пред собраниската комисија треба да ги претстави и Агрон Буџаку кој е нашиот нов амбасадор во Канада. Буџаку во 2004 година неколку месеци беше министер за транспорт и врски, а беше и пратеник. На претседателските избори во 2009 година беше претседателски кандидат од редовите на ДУИ, а во својата кариера има и амбасадорско искуство. Беше амбасадор на земјава во Франција каде остана до 2015 година, а во 2016 година, пак, стана директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Своите тези за дипломатските активности ќе ги претстават и новите амбасадори на земјава за Норвешка – Дритон Куќи, Белгија – Методија Белевски и Словачка – Евгенија Илиева.
Во наредниот период се очекува да се пополнат уште неколку испразнети амбасадорски места бидејќи како што претходно информираше МНР добиени се агремани за уште тројца амбасадори и во тек се нивните подготовки за преземање на должноста.
Станува збор за амбасадорските места во Франција каде ќе замине актуелниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, во Бугарија заминува Агнеза Руси, а во Турција треба како амбасадор да замине Јован Манасијевски.
