Амбасадор ја доведува во прашање политичката и деловна способност на премиерот Ковачевски

Поранешниот амбасадор на Македонија и екс вицепремиер Ивица Боцевски на дипломатски начин преку реторичко прашање ја урнисува фалбата на премиерот Ковачевски дека договорот со Фронтекс бил потпишан на македонски јазик.

Освен што Боцевски го фаќа Ковачевски во лага, тој меѓу редови ја поставува и дилемата дали премиерот свесно лаже или нема интелектуален капацитет да разбере дека сите досегашни договори со ЕУ се потпишани на македонски јазик.

Посебна дилема која ја наметнува Боцевски е тезата за ,,чист македонски јазик” која ја употребува Ковачевски а која ги вознемири и лингвистите македонисти.

,,На кој јазик се потпишани сите досегашни договори помеѓу Македонија и Европската Унија?

Поточно, сите документи …

(реторичко прашање, нормално дека од првата Спогодба за соработка помеѓу Република Македонија и Европските заедници, потпишана во 1996 година, па до денес сè што потпишала Македонија е потпишано на македонски јазик … можеби сега е потпишано на некој нов “чист македонски јазик”, различен од стандардниот македонски јазик)”, пишува Боцевски кој очигледно не може да ја прифати лагата и фалбага на Ковачевски и СДСМ дека сега добиле нешто што предходно Македонија го немала.

Ковачевски е на ред да одговори дали навистина не знаел дека досега сите договори се потпишувале на македонски јазик, дали не бил информиран од неговите соработници за таа практика или пак дали има капацитет да ги следи сите процеси кои се одвиваат во владата последниве 30 години.