По денешното соопштение на МВР дека биле преземени мерки да се спречи можен терористички напад од ИСИС, со соопштение излезе и амбасадата на САД во Скопје

„Има зголемен ризик од терористички напади инспирирани (поттикнати) од екстремистичка идеологија во Северна Македонија. Терористички организации и поединци инспирирани од екстремистичка идеологија имаат намера да напаѓаат цивили, вклучувајќи и американски граѓани кои патуваат во странство“ се вели во сооптението од амбасадата.

Од таму предупредуваат дека терористите се повеќе користат помалку софистицирани методи, вклучувајќи пиштоли, возила и ладно оружје, чија цел е народ (поголеми групи луѓе) на јавни места и дека тоа се случува без какво било предупредување.

„Екстремистите се повеќе имаат за цел да одберат и нападнат „лесни цели” како што се шопинг молови и пазари, аеродроми, хотели, клубови и ресторани, училишта, паркови и места каде што се одржуваат јавни настани (спортски натпревари, политички собири, демонстрации, собири за празници, прослави и сл.)“, соопштуваат од Амбасадата на САД од каде ги повикуваат на будност американските граѓани.