Американскиот гигант за онлајн трговија Амазон планира да отпушти повеќе од 18.000 работници, потврди извршниот директор Енди Џеси.

Тој ги потврди шпекулациите и најави дека разговорите со погодените работници ќе започнат на 18 јануари и дека ќе им бидат понудени отпремнини, како и поддршка за барање друга работа.

Компанијата со седиште во Сиетл почна да отпушта работници од одделот за апарати во ноември, а извор изјавил за Ројтерс во тоа време дека имала за цел 10.000 отпуштања, пренесува Хина.