Компанијата „Амазон“ се најде на суд за наводно кражба на бакшиш од возачи кои вршат испорака преку неговата услуга Flex, за да ги намали трошоците за работна сила и да го зголеми профитот објавија медиуми.

Во тужбата се обвинува Амазон за кршење на локалните закони за измамнички трговски практики, иако компанијата веќе ги обештетила возачите според спогодбата со Федералната трговска комисија.


Кога една компанија е фатена како краде од своите работници, не е доволно да ја врати украдената сума“, тврди во тужбата Карл Расин, главниот адвокат на локалната власт во Вашингтон.

„Кражбата од работници е кражба и потребни се значителни казни за силно да се одврати ова незаконско однесување.

Во тужбата, се наведува дека од крајот на 2016 година до средината на 2019 година, гигантот за онлајн трговија ги заведувал потрошувачите да мислат дека парите од бакшиш одат кај возачите на услугата Flex.

Амазон, една од најбогатите компании во светот, секако нема потреба да им го зема бакшишот што им припаѓа на работниците“, се вели во соопштението на Расин.

Амазон ја лансираше услугата Flex во 2015 година, нудејќи им на возачите можност да заработат од 18 до 25 долари на час, за користење на сопствени автомобили за испорака на намирници или пакети за компанијата.

Во тужбата се наведува дека во текот на следната година, Амазон го променил моделот на плаќање на возачите на начин што резултирал со тоа што голем дел од парите од бакшишот се користат за тајно субвенционирање на платите на возачите.