Трговскиот онлајн гигант Amazon ќе го преземе ланецот супермаркети Whole Foods за 13,7 милијарди долари, а тоа веднаш влијаеше на цената на акциите на Амазон кои веднаш по почетокот на трансакција се зголемија за бруто од 14 милијарди долари. Во исто време паднаа индекстите на големите ланци супер маркети Costco, Wallmart и Target, и тоа за сериозни 5 до 7 насто.
Amazon, кој започна да експериментира со подажбата на прехрамбени производи го купува ланец по цена од 42 долари по акција, јавува BBC. Whole Foods е основан во 1978 година во Тексас и е прва компанија од таков вид која се фокусираше на природни и органски прехрамбени производи. Се очекува постапката за преземање да заврши во втората половина од оваа година.