Во чест на големиот православен празник Св.Климент, групата „АМАНЕТ“ од Битола, премиерно ја објави финалната верзија на нивната нова песна „ДОБРО УТРО, УБАВ ДЕН“.

,,Добро утро, убав ден” е втора песна на АМАНЕТ, а првата ,,НИЕ ИМАМЕ ИМЕ, МАКЕДОНИЈА е” објавена пред 4 години.

Во новата песна, учествува мултиетничка екипа од искусни битолски музичари и е снимена со живи инструменти, без никакви компјутерски интервенции.

За наредниот период, од бендот најавуваат нови песни и настапи во живо низ Македонија.

Песната е снимена во студиото на Сашо Паркет во Битола.

Во овој проект учествуваа:

Шенол Мемиш – вокал
Даниела Дани – пратечки вокали
Драган Романски – гитари
Дадо – труби
Ѓокан Луманоски – тарабука

Томче Јанкуловски – хармоника
Сашо Паркет – продуцент

Музика и текст : Драган Романски