На седница на највисокото партиско тело – Централен совет, вечерва паријата „Алтернатива“ во седиштето на партијата во Тетово, ќе одлучи дали оваа досега опозициска партија и коалиционен парнтер на Алијанса на Албанците – ќе влезе во Влада.

Одлуката требаше да биде донесена синоќа, но состанокот на Централниот совет беше одложена поради пристигнувањето на телата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија.

Досега имаше три средби на лидерот на партијата Африм Гаши со премиерот и претседател на СДСМ во оставка Зоран Заев на кои се дискутираше за учество на Алтернатива во Владата и поддршка на парламентарното мнозинство од нивните четворица пратеници. 

По последната средба што се одржа во средата, од Владата соопштија дека „ е констатиран евидентен напредок во усогласувањето на ставовите околу дополнувањето на содржинскиот дел на програмата на Владата, а разменети се и идеи и видувања од двете страни за споделување на одговорностите на највисоко ниво во институциите на централната власт“.