Партијата Алтернатива го повика лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари да го повлече Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу кој си го вработил зетот како шеф на кабинет, и кој доаѓа од неговата партија, како што неодамна ветил, а доколку не го стори тоа – самиот да си даде оставка.

„Пред неколку дена Таравари рече дека ако се потврди дека Алију, го има вработено неговиот зет за шеф на неговиот кабинет, ќе се повлече самиот тој, или ќе го разреши министерот Алиу“ потсетуваат од Алтербатива.

„Бидејќи се покажува дека е точно, дека министерот Алиу го има вработено својот зет за шеф на неговиот кабинет, тогаш бараме од Таравари да си го одржи ветувањето“… велат од Алтернатива.