„Опозициската албанска партија Алтернатива бара од Министерството за внатрешни работи веднаш да бидат пуштени приведените лица,, додека ситуацијата се уште не ескалирала. Во спротивно оваа партија ќе биде принудена да мисли оти МВР сака се уште да го одржува запален огнот во Тетово.“ – ова е дел од соопштението на Алтернатива, кое го пренесуваат медиуми на албански јазик под наслов „Алтернатива: Со апсењата на протестантите во Тетово државата сака да го одржи огнот запален.“

„По протестот во Тетово, кога граѓаните на мирен начин го изразија своето незадоволство кон ставот на власта во врска со трагедијата во модуларната болница, наместо да се даде отчет за оваа трагедија, власта продолжува со притиспоци, апсејќи ги учесниците во овој протест“, стои го соопштението.

Алтернатива му порачува на МВР: „Поради ова, Алтернатива му упатува повик на Министерството за внатрешни чувства да не си игра со чувствата на тетовчани. Ако некој треба да биде уапсен, тогаш тоа да бидат раководителите на Министерството за здравство, на општина Тетово и одговорните во Клиничката болница во Тетово, а не протестантите кои реагираат кон оние што ги сметаат како одговорни за нашите членовите на нашите семејства и наши сограѓани, изгорени во пожарот.“

„Додека ситуацијата не ескалирала, бараме од МВР да ги ослободи веднаш лицата, кои се држат приведени и во притвор, за да можат да се вратат дома. Во спротивно, ќе бидеме принудени да сметаме дека МВР сака да го одржува запален огнот во Тетово.“ – стои на крајот од соопштението на опозициската партија Алтернатива.