Алтернатива со една нога во влада, со другата осамена и во опозиција

„По синоќешната средба со премиерот Зоран Заев, Алтернатива е со едната нога во Владата, а со другата нога е осамена во опозицијата. Зошто осамена? Бидејќи по средбата со Заев тие ги изневерија своите политички партнери, со кои влегоа во иницијативата за уривање на Владата. Со синоќешниот формален почеток на разговорите за влегување во Владата, излегува дека тие се понаклонети за влегување во власта, отколку за здружување со опозицијата“, оценува за Дојче веле аналитичарот Сефер Селими. 

За него не е изненадување што до склучување на договор не дојде веднаш на првата средба. Пролонгирањето го толкува како обид на партиите да го подготват теренот меѓу сопартијците заевентуалнио идно коалицирање.