Албанската опозициона партија Алтернатива денес се огласи со соопштение, со кое ги повика сите “граѓани со конзервативни убедувањ, а особено албанските граѓани, да се дистанцираат од Парадата на така наречената ‘гордост’ и поддршка да му се даде на традиционалното албанско семејство”.
Како што пренесува информативната агенција “Журнал”, партијата нагласува дека “Алтернатива како партија на конзервативниот спектар потсетува дека парадата на така наречената ‘гордост’ не нѐ претставува и нас. Ние се дистанцираме од ова организирање и упатуваме до граѓаните со конзервативни убедувања, а посебно албанските граѓани, да искажат дистанцирање од таквото организирање, давајќи му ја нивната поддршка на традиционалното албанско семејство. Иако му го признаваме секому правото да прави што сака, да сонува и да верува во она што го сонува, сепак, ваквите паради се неприродна појава во нашите општествени околности и тие паради го загрозуваат нашето семејство и тешко удираатврз нашиот конзервативен морал.”