„Алтернатива“ одлучува дали е „за“ или „против“ влез во Влада

Скендер Реџепи Зејд, член на Алтернатива и пратеник, за МИА изјави дека утревечер членовите на Централното претседателсто треба да му дадат насока на Централното собрание, највисок орган на партијата, и тоа ќе донесе одлука дали тие ќе станат дел од Владата и парламентарното мнозинство или ќе останат дел од опозицискиот блок.

„Верувам дека во еден дијалог ќе ги соочиме сите аргументи „за“ и „против“ и дека ќе биде донесена соодветна одлука“

Негов став е, како што кажа, доколку Алтернатива донесе одлука да стане дел од Владата, услов да биде давањето предност на програмата на партијата пред позициите на власта.

Реџепи, стана популарен во јавноста откако побара на списокот на пратеници кои бараат да се гласа недоверба на владата бараше да нема потписи и на претениците од Левица.