Централното претседателство на Алтернатива, синоќа го овласти претседателот на партијата Африм Гаши да комуницира со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза.
„ Ќе слушнеме каков е нивниот концепт за излез од кризата, дали има волја за заедничка владина програма, и дали актуелните владини партнери имаат волја да се откажат од дел од својата моќ за да се создаде рамнотежа во власта. Отсега сè зависи од разговорите и од тоа што ќе се договори“, изјави портпаролот на Алтернатива Орхан Муртезани
Тој потсети дека конечната одлука за влез во Влада ќе ја донесе Централното Собрание на Алтернатива и напомна дека Алтернатива не се води од апетитите за власт.
