Генералниот секретар на „Алтернатива“ Зеќирија Ибрахими вели дека оваа партија не е загрижена од евентуален влез на „Алијанса за Албанците“, туку загрижени треба да бидат во ДУИ зашто е разнишано единството во траа партија поради „огнената група“.

„Оваа Влада работи со истите бројки како што работеше лани во истото време.Тие се бројките што го сочинуваат стабилното мнозинство, единствена партија чии бројки флуктуираа е ДУИ поради таканаречената огнена група.

‘Огнените’ можат да го напуштат тоа мнозинство доколку Алијанса за Албанците влезе во Владата.

Како тогаш би можела да се надомести таа загуба во пратеници е прашање на кое одговор би требало да дадат од ДУИ. Ние како Алтернатива не би се мешале”, изјави Ибрахими за ТВ21.